Полициските службеници од единицата за внатрешни работи Карпош го лишија од слобода лицето И.Р. од Скопје кое има извршено десет разбојништва . И.Р. вооружен со нож и со закана по живот кон вработените одзел парични средства.
Разбојништвата ги вршел на цела територија на Град Скопје.
Лицето во текот на денот ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка .
Во текот на вчерашниот ден, полициските службеници од ЕВР Карпош, од слобода го лишија и лицето М.Е. од Скопје по кое има распишано централна потерница за издржување казна затвор од 4 години. Остиот е веднаш спроведен во затворот Идризово на издржување на затворската казна.