Се поплочуваат улиците во Кисела Јабука

152

Поплочени се со бехатон плочки улица „2„ и улица „2а“, во Кисела Јабука во должина од 120 метри.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, согласно договорот за поставување на павер елементи, следи поставување на бехатон плочки уште пет улици во Кисела Јабука, во должина од 500 метри, три улици во Ново Село во должина од 600 метри, Волково-Пржина 100 метри и тампонирање на улица „5“, во должина од 1000 метри.

-Динамиката на изведба зависи од временските услови-потенцираат општинските власти.