Тијаго Силва ќе може да игра на Копа Америка

24

Дефанзивецот на Челзи, Тијаго Силва се повреди и не беше во можност да го доигра првото полувреме во финалето на Лигата на шампионите во саботата против Манчестер Сити (1:0).

Според „Глобо Еспорте“ Бразилецот бил на лекарски преглед во Португалија каде му била дијагностицирана повреда на мускулите на левиот бут. Забележано е дека здравствените проблеми нема да го спречат 36-годишниот дефанзивец да игра за репрезентацијата на Бразил во Купот на Америка.

Турнирот ќе се игра од 13 јуни до 10 јули. Бразил е во група со Венецуела, Еквадор и Колумбија.