Екипата Партизан не ја освои АБА лигата, откако во финалната серија беа прегазени од Црвена звезда со 3-0, што сигурно уште повеќе ги боли навивачите на Партизан бидејќи „метла“ им даде најголемиот ривал. Партизан летово го очекуваат многу промени бидејќи тимот не се ни пласираше во Евролигата за наредната сезона, барем така е во мометов, а се уште чекаат на „специјална покана“ од раководството на ова натпреварување.

Како што пренесуваат медиумите во Србија, Франк Камински си заминал од Белград и од редовите на Партизан. Споменатиот кошаркар имаше договор до крајот на оваа сезона, а очигледно е дека соработката нема да продолжи и Камински среќата ќе ја бара во друг клуб.