Каталонскиот ракометен гигант Барселона славеше над Кањас со 35:25 во последниот натпревар од оваа сезона во Асобал лигата. Каталонците ја завршија сезоната со перфектен скор – 34 победи од исто толку одиграни натпревари.

Ракометарите ја добија титулата, а покрај раководството им се заблагодари и на оние што заминуваат. Покрај тренерот Чави Пасквал и неговиот помошник Фернандо Барбието, заминува и спортскиот директор Давид Баруфет.

Капитенот Раул Ентрериос ја завршува кариерата, додека други клубови ќе имаат Јуре Доленец, Алекс Пасквал, Арон Палмарсон, Седрик Сорендо и Кевин Мелер.