Шарл Леклер, конечно, ја доби толку посакуваната победа во својата татковина, на трката за Големата награда на Монако. Од година на година, Леклер доживуваше пех на уличната трка во Монте Карло, но овој пат ја задржа лидерската позиција од првиот до последниот круг и не дозволи никој да му се закани на осмата Формула 1 трка сезонава.

Но, оваа победа на Леклер ќе остане во сенка на големиот инцидент, кој се случи уште во првиот круг. Имено, болидот на возачот на Ред бул, Серхио Перез, беше буквално уништен до непрепознатливост. Магнусен невнимателно го закачи Перез, неговиот болид се сврти и со полна брзина удри во ѕидот, а само чудо го спаси во таа ужасна ситуација на патеката. Болидот на Перез беше целосно уништен, остана само „оклопот“ од болидот, а Мексиканецот излезе неповреден во целата ситуација, која беше лоша за гледање.

Трката во Монте Карло потоа беше прекината и стјуардите имаат голема работа, бидејќи насекаде имаше отпадоци. Неверојатно е во каква состојба беше болидот на Ред бул. Возилата на Хас беа помалку оштетени, но немаше шанси да ја продолжат трката.

Лидер во првенството и натаму е Макс Верстапен, со 169 бода. Сега, многу поблиску до него е Шарл Леклер од Ферари со 138, додека на третото место е Ландо Норис од Мекларен, со 113 бода.