Демири: Хирургија ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата од Германија

106

Хируршките сали на Клинички центар кои што не работат веќе десетина дена се стари околу 30 години, а за да не се зголемува уште повеќе листана на чекање на пациентите кои што чекаат за операција, како што најави министерот за здравство, Илир Демири ќе се користат надворешни компресори. Според министерот во заминување се чека да се добие валиден документ за исправност  на овој систем од Германија каде што во моментов се вршат испитувањата.

Демири најави дека за случајот е покрената истрага во Јавното обвинителство.

– Додека не заврши ова испитување и не дојдат анализите од Германија кои се испратени, хируршки центар ќе се послужи со надворешни компресори, објасни Демири и нагласи дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер.

Тој исто така информираше дека итните случаи на пациенти, се пренесуваат во Општа Градска болница и во Општата болница „8 септември“. Министерот укажа дека ова е аларм многу скоро да се оспособат Клиниките во Тетово, Куманово, Битола и Штип и тие да можат да извршуваат интервенции.