Планинарските патеки на Скопска Црна Гора обележани со знаци и патокази, донација од НЛБ Банка 

258

Планинарските патеки на Скопска Црна Гора, кои најчесто ги користат посетителите на планината, се обележани со соодветни знаци и патокази. Благодарение на донацијата од НЛБ Банка, сега планинарските патеки на овој живописен регион во близината на Скопје можат лесно да се користат без страв, како што досега често пати се случувало, посетителите да се изгубат поради лошата или непостоечка сигнализација и раскрсниците со многу локални селски патеки што ги користи локалното население во оваа област.

– Станува збор за област која нуди големи можности за секаков вид рекреација во чистиот и незагаден планински амбиент, далеку од смогот во скопската котлина. Многу од патеките се посетени во голема мера, но досега честопати се случувало посетителите да се изгубат. За да се избегне ова, беше потребно да се дефинираат и обележат патеките со соодветни планински знаци. НЛБ Банка ја поддржа оваа исклучително корисна иницијатива на Словенечката амбасада за  жителите на Скопје и околината, но и на сите нас кои живееме тука и сакаме да уживаме во прекрасната природа. Со оглед на растечкиот тренд на активности на отворено и зголемениот број посетители на Скопска Црна Гора, направивме напори рутите за планинари сега да бидат соодветно обележани и поврзани со што комплетно се подготвени за да уживаме во природните убавини на нашата земја – информираат од НЛБ Банка.