Животен сон на секој спортист е медал од Олимпијада. Но, Роџер Квемои, кој, најверојатно, токму сега ќе ја заврши кариерата, е лишен од таа можност. Поранешниот светски јуниорски шампион во крос-контри и на 10.000 метри е суспендиран на шест години поради допинг.

Спортистот од Кенија, во периодот од 18 јули 2016 година до 8 август 2023 година, имал огромни отстапувања на антидопинг-тестовите и поради тоа е суспендиран на шест години. Со оглед на тоа што сега има 27 години, многу веројатно ова значи и крај на кариерата доколку не успее да промени нешто и да му биде намалена казната преку жалби.

Поради допинг, покрај суспензијата, ќе му бидат одземени и сите освоени титули и трофеи, па златото на 10.000 метри, освоено во 2016 година, на Светското првенство за спортисти до 20 години, во Бидошќ, Полска, ќе му биде одземено. Исто така, ќе му биде одземено третото место на Игрите на Комонвелтот во Голд Коуст 2018 година, како и неговата победа на полумаратонот во Истанбул, во 2022 година.

Надлежните институции решија да му го остават златото од Светското првенство во крос во 2015 година, во екипна конкуренција.

Со оглед на добрите резултати, Кемвои се надеваше на олимписки медал, кој би му бил прв во кариерата, но нема да ја има таа можност. На претходните Олимписки игри, тој се пласираше на седмото место на 10.000 метри, зад Селемон Барегра, Џошуа Чептегија и Џејкоб Киплим, кои освоија медали. Заостануваше седум секунди зад освојувачите на медали. Сега се надеваше на подобар резултат во Париз, но нема да го има.