Опоравувањето на еврозоната во крајот на годината

29

Закрепнувањето на еврозоната од корона-кризата ќе забави во четвртиот квартал, по првичниот бум во летните месеци, покажа истражувањето спроведено на економските институти во Германија, Швајцарија и Италија.

„Економскиот раст во еврозоната ќе се стабилизира во четвртиот квартал, по силното закрепнување во третиот“, се вели во соопштението на германскиот институт Ифо, објавувајќи економски проекции со швајцарскиот КОФ и италијанскиот „Истат“.

Во последните три месеци од годинава се очекува економијата на еврозоната да порасне 2,2 проценти во споредба со периодот од јули до септември, кога скокна за 8,2 проценти, покажува истражувањето на „Ифо“, „КОФ“ и „Истат“.

Во вториот квартал, економијата падна за 11,8 проценти поради ограничувањата воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во текот на целата 2020 година, економијата во еврозоната треба, според институтот, да падне за 8 проценти.