Г7 ќе се обиде да ги искористи замрзнатите руски средства за помош на Украина

17
EPA-EFE/JESSICA PASQUALON

Групата седум најразвиени земји (Г7) ќе ги испита начините за користење на идните приходи од замрзнатата руска помош за Украина, се вели во денешната нацрт-изјава на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г7, објави Ројтерс.

Агенцијата соопшти дека извор од Г7 рекол дека соопштението нема да претрпи значителни промени пред конечната верзија да биде објавена подоцна денеска по состанокот во Стреса, северна Италија.

На состанокот на министрите за финансии на Г7 присуствува и украинскиот министер за финансии Серхи Марченко, а целта на состанокот е да се подготват начини за помош на Украина пред прашањето да биде на дневен ред на самитот на шефови на влади на Г7, кој е планиран за средината на јуни.