Министерот за безбедност на Израел: Ал Акса и припаѓа само на државата Израел

165

Министерот за национална безбедност на Израел, десничарскиот политичар Итамар Бен-Гвир денеска ја посети џамијата Ал Акса во Ерусалим и изјави дека спорното свето место и припаѓа „само на државата Израел“.

Бен-Гвир рече дека посетата е одговор на потегот на три европски земји – Шпанија, Ирска и Норвешка – еднострано да ја признаат Палестина како независна држава.

Посетата веројатно ќе биде оценета како провокација низ светот.

„Нема да дозволиме ниту прогласување на палестинска држава“, додаде тој.

Светилиштето го почитуваат Евреите и муслиманите, а Израел им дозволува на Евреите да го посетуваат верскиот комплекс, но не и да се молат таму.