ДИК: Европски фронт и ВРЕДИ со по 8 мандати во шестата изборна единица

92

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, синоќа ги соопшти резултатите од прегласувањето на седум гласачки места.

Во шестата изборна единица, коалицијата Европски фронт освои 8 мандати , коалиција ВРЕДИ 8 мандати, соопшти Даштевски, и додаде дека течат роковите за жалба.

Во изборната единица пет нема промени во пратеничките мандати од парламентарните избори одржани на 8 мај.