Запек, дијареа, гасови – се молите да не ви се случи: Како да избегнете стомачни тегоби кога сте на одмор?

156

Со плановите за летен одмор веќе на хоризонтот, здравјето на цревата веројатно не е високо на вашата листа на приоритети кога станува збор за претстојните патувања, а треба да биде.

Сепак, како што многумина веќе имaле можност да искусат – патувањата и те како знаат да влијаат на здравјето на нашите црева и дигестивниот систем и сериозно да се одразат на нашиот одмор.

Но, наместо да дозволите лошото здравје на цревата да ви ја расипе забавата на сонце, нутриционистот Адриен Бенџамин советува за Mirror како да спречите „запек“, патничка дијареа, застој и многу други слични проблеми.

Долг лет
– Летот на долги релации може да направи доста хаос во вашите црева. Воздушниот притисок, долгите периоди на седење во затворен простор и турбулентното движење на авионите, сето тоа влијае на функционирањето на нашиот дигестивен систем – истакнува Адриен.

Најдобар начин да го избегнете, вели тој, е да јадете минимално за време на летот, да пиете многу вода и да избегнувате алкохол и кофеин за да останете хидрирани.

– На овој начин ќе обезбедите специфична поддршка на вашите црева пред летот. Вклучете многу храна со влакна и пробиотици во вашата исхрана. Ова може да го поддржи вашиот микробиом и целокупното варење пред да одите, а наједноставниот начин да го направите тоа е да земате пробиотски додатоци, недела или две пред патувањето – објаснува нутриционистот.

“Застој во цревата”
– Неправилните шеми на спиење и џет-легот може да влијаат на вашите црева. Промената во временската зона и околината може да влијае на вашата енергија и да предизвика да јадете различна храна во различни периоди од денот, а сето тоа потоа го нарушува вашиот дигестивен циклус. Неодамнешните студии сугерираат и дека лошиот сон е поврзан со нерамнотежа на цревните бактерии, кои кога се комбинираат со заморот од движење меѓу различни временски зони, речиси гарантира дека ќе имате стомачни проблеми или запек – вели Адриен.

Затоа, тој советува да јадете што е можно помалку додека летате за да избегнете варење и акумулација на гасови.

– Обидете се да ги имплементирате инаку воспоставените обрасци на јадење и спиење на вашата дестинација веднаш штом ќе слетате. Колку и да е примамливо да се опуштите во вашата хотелска соба веднаш штом ќе се сместите, обидете се веднаш да одите на прошетка или да пливате за да го поттикнете вашиот дигестивен систем. Уживајте во локалната кујна, но запомнете дека урамнотежената исхрана, со храна која природно содржи влакна, како кафеав ориз, јаткасти плодови и бобинки, може да ви помогне и во борбата против „цревниот метеж“ – нагласува нутриционистот.

Топло време и дехидрација
Кога станува збор за водата од чешма и употребата на мраз, Адриен предупредува дека е најдобро да ја избегнувате додека сте на одмор бидејќи можеби нема да можете да ја „обработите“ на ист начин како што сте навикнати дома, бидејќи „водата од чешма „може да содржи непознати бактерии кои можат да ве разболат, да ви предизвикаат стомачни болки и дијареа.

– Држете се до флаширана вода од затворени шишиња и избегнувајте коцки мраз, само за да бидете безбедни – посочува нутриционистот и вели дека не би било лошо да ги миете забите користејќи флаширана вода, да избегнувате овошје и салати кои можеби се измиени во локална вода.

Но, додека уживате во летното сонце, многу е важно да бидете сигурни дека ќе останете хидрирани.

– Прекумерното потење може да доведе до дехидрација и запек, бидејќи вашето тело не содржи доволно течности, што го отежнува исфрлањето на изметот. Ова дополнително може да доведе до надуеност и чувство на непријатност, бидејќи во овие ситуации вашето тело се бори да ја задржи водата во обид да го надомести недостатокот на хидратација – објаснува Адриен.

А потоа следува ефектот на алкохолот врз хидратацијата.

– Сите сакаме да уживаме во алкохолот додека сме на одмор, но покрај тоа што тој може да влијае на нашиот црн дроб и варењето, може да ја влоши и дехидрацијата. Како диуретик, алкохолот предизвикува вашето тело да ја отстранува течноста од крвта многу побрзо, затоа обидете се да ги комбинирате вашите коктели со чаша вода за да се осигурате дека нивото на хидратацијата останува оптимално – вели нутриционистот.

Конечно, Адриен препорачува пробиотици, или „добри бактерии“, кои можат да ви помогнат да ја вратите природната рамнотежа на бактериите во цревата и да одржувате редовна столица, особено ако веќе сте склони кон здравствени проблеми на цревата како запек или дијареа.