МЕР за полнење на гасоводот Клечовце-Неготино ќе плати 268.000 евра

139

Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурси, во државна сопственост склучи договор  вреден 268.000 евра со друштвото за градежништво и услуги „Рапид билд“ ДОО Куманово.

Се работи за соработка, која почнува по распишаниот тендер, што бил наменет за ангажирање на фирма која требало да  го полни  со природен гас  магистралниот  гасовод  на делницата 1 „Клечовце-Неготино“.

Овој  дел од гасоводот е во должина  од 61 км  и дијаметар 508 мм.