Се бара идејно решение за уредување на делови од центарот

75

Општина Велес го распиша конкурсот за идејно архитектонско –урбанистичко решение за уредување од централното градско подрачје, кој ќе трае до 22 јануари идната година.

Конкурсот е анонимен, а право на учество имаат сите правни лица кои се регистрирани за вршење на дејност од областа на архитектурата и урбанизмот и физички лица – дипломирани инженери архитекти и студенти по архитектура.

Конкурсната документација може да се превземе преку веб страната на Бирото за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk) и на веб страната на Општина Велес (www.veles.gov.mk).

Конкурсната документација ги содржи сите информации кои ќе им  помогнат на заинтересираните  во изработка на идејното решение.

Како што појаснуваат од Општина Велес, оценувањето на трудовите ќе го врши жири комисија составена од  девет члена, вработени во Општина Велес.

На конкурсот е потврдено доделување на следниве награди/откупи: прва награда во износ од 100 илјади  денари без ДДВ и две откупни награди во поединечен износ од по 30 илјади  денар без ДДВ.