Макрон ја започна посетата на Германија – првпат по 24 години француски претседател ја посетува земјата

280

Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска ја започна првата државна посета на шеф на француска држава на Германија по 24 години.

Посетата првично беше планирана за јули минатата година, но беше одложена во последен момент поради немирите во Франција, откако полицијата уби 17-годишен тинејџер затоа што одбил да го запре неговиот автомобил, пренесе АП.

Ова е прва помпезна државна посета на француски претседател по посетата на поранешниот претседател Жак Ширак во 2000 година.