Крцкави однадвор, сочни одвнатре: Млади компирчиња во рерна на поинаков начин

1231

Познато е дека ретко кој може да одолее на сочните млади компири од рерната. Дури и да ги послужите со кајмак, задоволството е загарантирано.

Денес пред вас имате брз и едноставен рецепт за млад компир со сланина. Толку е вкусно што ќе го правите секој ден.

Состојки:
500 гр млади компири
2 супени лажици маслиново масло
сол и бибер по вкус
неколку парчиња сланина

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Измијте ги компирите и исечете ги на половини или четвртини. Зачинете ги со сол, бибер и додадете маслиново масло. Убаво измешајте да се соедини сè.

Наредете ги рамномерно компирите на плехот (предходно можете да го покриете со хартија за печење). Се пече во загреана рерна околу 40 минути, додека компирот убаво не порумени. Кон крајот додадете кришки сланина одозгора за да заруменат.