СТРАОТНО НЕВРЕМЕ ВО САД: Најмалку 11 лица загинаа, две се деца – десетици илјади жители останаа без струја

200

Најмалку 11 лица загинаа во силно невреме што ги зафати американските сојузни држави Тексас, Оклахома и Арканзас.

Невремето предизвика голема материјална штета. Десетици илјади жители останаа без струја.

Меѓу загинатите има и две деца на возраст од две и пет години, изјави полицијата за АП.

Официјални лица изјавија дека неколку луѓе биле префрлени во болниците со брза помош и хеликоптер во округот Дентон, Тексас, но не се знае степенот на нивните повреди.