Кошаркарите на Работнички конечно ќе ја „помирисаат“ страста која ја нуди АБА лигата, откако градоначалникот на општина Центар и прв човек на клубот, Саша Богдановиќ, потврди дека поднеле барање за настап во второто по ранг регионално натпреварување.

Работнички во неколку наврати ги одби поканите за настап во АБА 2 лигата, но конечно од петти пат прифатија да запловат на Јадранот, а тоа значи дека Македонија наредната сезона ќе има два претставника во ова натпреварување.

МЗТ Скопје исто така ќе биде дел од АБА 2 лигата, но исто така не е изклучена можноста актуелниот шпампион да се најде и во првата лига поради финансиските проблеми со кои се соочува причини Приморска, па нејзиното место да му биде доделено на тимот од Аеродром.