„Звукот на идната генерација“ – концерт со студенти во Филхармонија

28

„Звукот на идната генерација“ е насловот на концертот со студентите од државните факултети за музичка уметност кој ќе се одржи на 10 јуни во 20 часот.

Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Моцарт, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел. Како солисти ќе настапат Ана Спасовска  (диригент III година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Борјан Цанев), Кристијан Кожумановски  (контрабас IV година ФМУ- Скопје, класа: проф. Александар Поп Христов), Пандорка Јанакиева  (флејта IV година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Страшо Темков), Дарко Гроздановски (виолина III година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Олег Кондратенко), Анастасија Гичевска (пијано III година ФМУ- Скопје класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Зорица Здравковиќ  (вибрафон IV година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Мојца Седеу) и Памела Велкова (виолина III година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Олег Кондратенко).

Инаку, добитникот на македонското признание „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Во 2015 ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.