Му влегле дома и брутално го мачеле: Тројца осомничени се уапсени за малтретирање и мачење на 21-годишен младич

464

Српската полиција денеска уапсила три лица поради сомнение дека мачеле и малтретирале дваесет и едногодишен маж и му одзеле 40.000 српски динари.

Припадниците на МВР во Белград, во соработка со полициски службеници од полициските управи во Шабац и Сремска Митровица, а по наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, ги уапсиле З.Ј. (1993), М.Д. (1986) и М.П. (1998), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела разбојништво и малтретирање и тортура.

Осомничени се дека на 16 мај околу полноќ влегле во стан на дваесет и едногодишен маж во Ѕвездара и во таа прилика му удале неколку удари по главата и телото барајќи му пари, по што тој му предал 40.000 динари.

Исто така, постои сомнеж дека З.Ј, М.Д. и М.П. откако ги зеле парите, два часа брутално го мачеле и малтретирале дваесет и едногодишникот така што му ги врзувале рацете и нозете со сајла, му истурале топла вода по главата и телото, му ја исекле косата и му нанеле неколку исеченици и убоди со кујнски нож.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.