Ладнокрвно ќе го нокаутирам, едвај ќе ме одвојат од него

395

Дастин Поирие добива уште една шанса да стане шампион на УФЦ во лесна категорија. На 1 јуни тој ќе го нападне појасот против Ислам Махачев и тврди дека ќе го нокаутира Дагестанецот.

Поирие со години е еден од најдобрите борци во лесна категорија во УФЦ. Тиесет и петгодишниот борец секогаш дава исклучително атрактивни борби, но во клучните борби за појасот постојано губи. Иако привремениот појас го зеде во април 2019 година, го загуби неколку месеци подоцна бидејќи беше поразен од славниот Хабиб Нурмагомедов. Потоа имаше шанса против Чарлс Оливеира, но и таму беше поразен.

Сега има трета шанса. Противник е Махачев, човекот кој моментално е доминантен во лесна категорија.

Поирие верува дека тој е оној кој ќе го симне Ислам од тронот. Тој беше навреден од коментарот што го дал Дагестанецот, во кој рече дека Поирие секогаш губи важни борби. Затоа вети ладнокрвен нокаут на 1 јуни.

  • Ладнокрвно ќе го нокаутирам. Судијата ќе мора да ме одвои од него, изјави Поирие.

Американскиот борец имаше 39 борби во кариерата, од нив победи на 30, беше поразен осум пати, а имаше еден натпревар без победник. Два пати ги победи Конор Мекгрегор, Макс Холовеј, Мајкл Чендлер, Џастин Гејчи…