Европската комисија  казни познат производител на чоколади: Највисока казна досега за компанија за храна

410

Еден од најпознатите производители на чоколади во светот доби висока казна од Европската комисија. Антимонополските власти му одредиле казна од 337,5 милиони евра на американскиот прехранбен гигант „Монделес“ поради незаконско ограничување на конкуренцијата во трговијата со чоколадо, бисквити, крекери, гуми за џвакање, крем сирење и кафе. Според Комисијата, компанијата ја попречувала прекуграничната трговија на своите производи и со тоа обезбедила претерано високи цени за своите брендови, пишува „Дојче веле“.

Органите за конкуренција на ЕУ тврдат дека компанијата „Монделес“, со седиште во Чикаго, САД, и која произведува голем број познати брендови меѓу кои „чоколада милка“, „тоблероне“, бисквити „Орео“, крем-сирење „Филаделфија“…  ги спречила нејзините трговски партнери да купуваат производи на „Монделез“ поевтино во една земја на ЕУ и да ги препродаваат во друга.

Во еден случај, „Монделез“ повлекла еден вид чоколатца од Холандија за да ги спречи трговците на мало да ги препродаваат во Белгија, каде што биле поскапи. Во друг случај, компанијата спречила веледрогерија да купи чоколадо во Германија каде што било поевтино. Со ова американската компанија сакаше да спречи препродажба на чоколади во Австрија, Белгија, Бугарија и Романија, бидејќи нејзините производи се поевтини во Германија.

„Монделес“ го направи ова за да ги задржи високите цени на своите производи на сметка на потрошувачите“, рече еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер.

Вестагер нагласи дека таканареченото паралелно тргување е особено важно во време на висока инфлација за да се намалат цените за потрошувачите на европскиот пазар. Таа рече дека разликите во цената на чоколадото меѓу земјите членки се движат меѓу 10 и 40 проценти, а „некогаш и повеќе“.

Највисоката казна досега за компанија за храна

Комисијата на ЕУ ја започна истрагата во 2019 година, а официјалната постапка ја отвори во јануари 2021 година. Властите на ЕУ сега објавија дека „Мондалез“  склучила 22 незаконски договори во повеќе земји на ЕУ помеѓу 2004 и 2020 година. На пример, еден договор бараше клиентите на „Мондалез“ да наплаќаат повисоки цени за извоз отколку за домашна продажба.

„Монделес“ зборува за „поединечни случаи“ и вели дека парите за казната биле издвоени минатата година.

Всушност, казната требаше да биде уште поголема. Меѓутоа, бидејќи „Монделез“ соработуваше со Европската комисија и експресно ја призна својата одговорност, компанијата доби 15 проценти ослободување од казната, според надзорното тело на ЕУ за конкуренција.

Казната, изречена во четвртокот, е највисоката казна што Комисијата на ЕУ досега ја изрече на компанија за храна и е една од десетте највисоки казни воопшто, пренесува РТ Балкан.