Во Хрватска највисока инфлација во последните 14 години

88

Цените на производите и на услугите за лична потрошувачка во март во однос на истиот месец лани во Хрватска се зголемени за 7,3 отсто, објави денеска хрватскиот Државен завод за статистика. Тоа е најголема инфлација во Хрватска во последните 14 години, односно, од летните месеци во 2008 година.

Во однос на февруари, потрошувачките цени во просек се покачени за 2,1 отсто, пренесува порталот Index.hr.

Во првото тромесечие во однос на истиот период во 2021 година цените во просек се повисоки за 6,4 отсто.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци кои сочинуваат една четвртина од потрошувачката кошница, пораснале за 10,3 отсто на годишно ниво и имаат најголем придонес во стапката на пораст на годишниот индекс.