Во завршна фаза спортскиот центар во Хиподром

414

Се интензивираат градежните активности за изградба на спортскиот центар во Хиподром. Тој се гради на местото на бараките од старото основно училиште „Вера Јоциќ“.

-Со овој интензитет на градежните работи верувам дека многу скоро спортскиот комплекс ќе биде целосно готов и ќе можеме да го пуштиме во употреба – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.