Кошаркарите на Атланта славеа на гостински терен кај Милвоки со 116:113 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА-лигата.

„Јастребите“ до триумф беа предводени од Тре Јанг со неверојатни 48 поени, 11 асистенции и седум скока.

На „Бакс“ не им помогнаа ниту добрите игри на Јанис Адетокумбо со 34 поени, 12 скока и девет асистенции, како и на Џру Холидеј, кој оствари дабл-дабл од 33 поени и 10 асистенции.

Вториот натпревар се игра во петок во Милвоки.