Книга: „Малечката Нини“ – возбудлива, искрена и смешна

59

„Малечката Нини“ на Софи Шерер е возбудлива, искрена и многу смешна книга за деца од 8 до 80 години.

„По читањето на оваа книга, возрасните може да гледаат на светот со нови очи, а децата ќе ги сакаат авантурите на Малечката Нини, со својата непогрешлива смисла за комичното, за она што е вистина и што е лага. „Тогаш, што е таа? Католик, протестант или вегетаријанка? И каде е Бог, во секој случај?“ Ова се некои од прашањата на малечката Нини за животот и за светот. Оваа книга, напишана од перспектива на осумгодишно девојче на 21 век, ја прави Нини дете на нашето време. Како единствена ќерка на самохрана мајка, таа понекогаш посакува односот на нејзините родители да има среќен крај, а ако тоа не е можно, тогаш би сакала мало кутре“, посочува издавачот „Полица“.