На Кулата Белград вечерва испишани имињата на земјите кои не гласаа за Резолуцијата за Сребреница/ВИДЕО

459

На Кулата Белград вечерва во знак на благодарност беа испишани имињата на земјите кои не гласаа за усвојување на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации.

„Ви благодариме, пријатели! Горда Србија и Српска. Ние не сме геноцидна нација“, пишува во пораката на Белградската кула.

Генералното собрание на Обединетите нации во четвртокот ја усвои резолуцијата за Сребреница со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани.

Имаше повеќе воздржани и земји кои гласаа против резолуцијата, вкупно, отколку што беа за, односно само 43 отсто од земјите членки гласаа за резолуцијата за Сребреница, додека дури 57 отсто беа против или воздржани.