Меси и дефинитивно останува на „Ноу Камп“

92

Капитенот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, ќе потпише нов договор со славниот клуб, пренесуваат сите шпански медиуми. Иако за неколку дена ќе има статус на слободен фудбалер, аргентинскиот интернационалец донел конечна одлука дека сака да ја продолжи соработката со клубот во кој помина повеќе од 20 години.

Шпанското радио „Копе“ откри дека Меси постигнал договор со раководните лица за продолжува на соработката за следните две сезоно, но прво ќе потпише договор кој ќе биде со важност до 30. јуни 2022 година, затоа што не сака да го оптовари клупскиот буџет. Каталонскиот гигант е во големи финансиски проблеми кои планира да ги реши пред контолниот суд на Ла Лига.

Договорот ќе биде официјален откако Меси ќе се врати во Шпанија. Офанзивниот играч за врска моментално ја предводи репрезентацијата на Аргенита на годинашното издание на Копа Америка и сака максимално да биде фокусиран на континенталниот турнир.

Меси се пресели на „Ноу Камп“ кога имаше само 13 години. Дресот на Барселона го има носено на 778 натпревари на кои постигна рекордни 672 погодоци. Со каталонскиот гигант освои четири трофеии во Лигата на шампиони, три пати славеше на Светското клупско првенство, 10 пати беше шампион на Шпанија и седум пати го освојуваше трофејот во Купот на Шпанија.

Пред една година Меси јавно порада да му биде дозволено да си замине од Барселона како слободен фудбалер, но тогашниот претседател, Жозеп Марија Бартомеу го одби неговото барање со образложение дека е се уште под договор и дека може да си замине само доколку биде активирана ослободителната клаузула во неговиот договор вредна 600 мил. евра.

Желбата да си замине од „Ноу Камп“ падна во втор план отккао неговиот голем пријател, Жоан Лапорта, повторно седна во претседателската фотеља и откако Барса ги осигура услугите на неговиот репрезентативен колега, Серхио Агуеро.