Вистинската хорор приказна се одвивала со месеци, ако не и со години, во белградската населба Миријево, каде Урош П. ги држел заробени и малтретирани неговата невенчана сопруга И.Л. и неговата осумгодишна ќерка.
Несреќната жена на 19 март успеала да побегне од станот и во крв и претепана пристигнала во Полициската станица Палилула каде го пријавила сопругот за насилство и дека во станот ја држи заробена ќерката. Во полициската станица дошла со видливи повреди во пределот на носот и набиеници под двете очи, при што е направена комплетна фотографија, а по извршената изјава жената била упатена на преглед во Ургентниот центар.
Според првичните информации, жената изјавила дека нејзиниот невенчан сопруг ја удрил со глава во носот и дека се здобила со скршеница. Не ѝ било дозволено сама да оди во Ургентниот центар бидејќи се плашела за својот живот, па дури 19 март 2023 година излегла од станот кога успеала да побегне и да замине во станицата.
За се да биде пострашно, изјавила дека нејзиниот сопруг има и ќерка која со години ја чува заклучена во станот на Звездара. На наведената адреса полициски службеници на ОЗСК Палилула пронашле девојче кое било во многу тешка состојба.
Осумгодишното девојче, чиј татко со години ја држел заробена во када, била спасена во последен момент кога на крајот на минатата недела две полицајки упаднале во стан во станбена зграда. Во бањата ја нашле едвај жива како лежи во када. Малата била толку изгладнета и дехидрирана што едвај дала знаци на живот.
На општо чудење и на очевидци, снимен е повеќе од морбиден детал од станот на хоророт – кај кадата каде ја држел во заробеништво, таткото ставил и заедничка фотографија од себе и ќерката.
Соседите за Курир изјавле дека не ни знаеле дека девојчето постои.
„Ги видов полицијата и брзата помош, две полицајки посебно се погрижија да влезат во станот за да го спасат детето. Кога го изведоа, видов дека малата е свиткана во прегратките на полицајка и дека носи розова јакна и плаче. Мислев дека е бебе, бев во шок кога ми кажаа дека има 8 години“, вели еден жител на зградата во која се одвивала драмата.