Бундеслигашот Фуксе Берлин е новиот шампион на Европската лига на ЕХФ откако денеска во големото финале славеше над Гранолјерс со резултат 36:31, на фајналфор турнирот што се играше во Фленсбург. Шпанскиот тим што пред две сезони играше (и загуби еден меч) со македонскиот суперлигаш. Пролет оваа сезона е апсолутна сензација во Лигата на Европа, веќе ги елиминираше бундеслигашите Фленсбург и Гепинген, но немаше сили за дуелот со Берлин.

Ласе Андерсон со осум и Линдберг со шест гола беа најефикасни во победничкиот тим на чиј гол блескаше Дејан Милосављев, додека кај Гранолјерс прв стрелец во денешното финале беше Салниас со седум погодоци.