Фино момче! Виктор, синот на Лепа Брена, ослабна 50 килограми и си фати нова женска

6647

Виктор е далеку посреќен сега со 50-ина килограми помалку, а посреќни сме и јас и Боба како неговите грижни родители, објаснува пејачката Лепа Брена.  Девојките го „ловат“ не само поради многу пари, туку и поради нeговиот нов секси-изглед. Со новата женска замина во гламурозниот Дубаи!

Пред неколку години беше буцко и центар на исмејувањето на голем број луѓе, само затоа што е познато дете на популарната пејачка Лепа Брена и тенисерот Боба Живојиновиќ. Но се поради несмасната дебелина. На никој не му беше симпатичен поради тој вишок на килограмите, а само Виктор Живојиновиќ знаеше колку му било тешко. По Нова година тој конечно реши да си го смени изгледот и да ги отфрли тие килограми кои го правеле да биде несреќен.

Само со помош на исхраната, здравите јадења, со забрането пиење на газирани сокови и секако со напорните тренинзи во вежбална, Виктор успеа да ослаби дури за 50 килограми.

Виктор, синчето на мама и тато, сепак не запира тука. Тој посака сега уште да ослаби, па како што самиот вели да биде кај девојките број еден, за да го престигне неговиот постар и многу позгоден брат Стефан, кој во меѓувреме ја батали естрадната кариера.

Самата Лепа Брена е воодушевена со симнатите килограми на Виктор. Пред сè поради неговото здравје кое почна да му прави проблеми, но и не поради зголемен број на обожавателки.

– Девојки и жени тој секогаш ќе има, но пред сè треба да има здравје. Лесно е да најде адекватна партнерка, дали дебел или слаб, тој не е кој било, па со самото тоа убавиците едноставно му се лепат. Сепак, Виктор е далеку посреќен сега со 50-ина килограми помалку, а посреќни сме и јас и Боба како неговите грижни родители, објасни пејачката.

Ние, овде на тоа би додале  дека девојките го „ловат“ не само поради многу пари, туку сега и поради новиот секси-изглед.

Па, ете со новата женска Виктор замина во гламурозниот Дубаи!

Веројатно, гламурозно да го прослави „недостатокот“ на килограмите. Пари ли се тоа за семејството Живојиновиќ, за таков провод!  Д.М.