Адријано своевремено важеше за еден од најголемите таленти во фудбалот, но поради проблеми со алкохолот, не го искористи својот потенцијал на вистинскиот начин. Бројните скандали предвреме го пензионираа, но тој, очигледно, нема намера да им стави крај на глупостите.
Овој пат Адријано Леите Рибеиро (40) ја остави сопругата Микаела Мескита (24) по само 24 дена брак, затоа што едноставно не можел да се тргне од ноќниот живот и од забавите, по кои беше познат со години.
Бразилските медиуми тврдат дека Адријано исчезнал од заедничкиот дом пред неколку дена. Го немало два дена, а времето го поминал со пријателите во Вила Крузеиро, местото каде што порасна.
Познатиот напаѓач се дружел со своите пријатели, го гледале мечот меѓу Бразил и Швајцарија и завршиле со ноќно излегување, додека несреќната жена неуспешно се обидувала да стапи во контакт со него.
По два дена, на вратата се појавил Адријано. Следувала расправија, потоа и разделба и од пред неколку дена двојката живее одвоено.
Исто така, тие веќе не се следат ниту на социјалните мрежи и очигледно е дека Адријано наскоро повторно ќе биде слободен маж.
Во бракот, славниот „Император“ успеа да издржи само 24 дена. Очигледно сфатил дека тоа не е за него и дека многу повеќе ужива како слободен човек.
Адријано отсекогаш бил познат како љубител на ноќниот живот. Се опиваше и трошеше се што заработил во фудбалските денови, а многумина тврдат дека ја уништил кариерата која можеше да биде многу поголема.
- Бев во депресија од 2005 до 2009 година. Смртта на татко ми остави голема празнина во мојата душа. Пиењето беше единственото нешто што ме правеше среќен. Виски, вино, вотка, пиво… Многу пиво. Се опивав на тренинг. Често се отрезнував во болница, додека луѓето од клубот на прес-конференциите велеа дека сум таму бидејќи имам проблем со мускулите. Интер се однесуваше со мене на неверојатен начин, направија апсолутно се за да ми биде подобро. Не смеев да спијам, се плашев дека ќе го сонувам татко ми, дека ќе имам кошмари, алкохолот и дрогата ме држеа буден и со нив бегав од стравовите. Бев изгубен. Мислев само на жени и забава, говореше своевремено Адријано.
Никогаш не сакал да се издвојува од своето старо друштво поради парите.
- Луѓето велат дека сум луд што пропуштив толку милиони, но тоа никогаш не ме направи среќен. Јас сум тип од фавела, сиромашен, можев да станам еден од најдобрите, но не станав. Судбина, сеедно. Сега сум во мир, смирен и среќен. Тоа е најважно, изјави Адријано.
Легендарниот напаѓач најдобрите денови од својата богата кариера ги мина во тимот на Интер и важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Покрај за „нероаѕурите“ играше и за Парма, Фиорентина и Рома, како и за неколку бразилски гиганти.