Тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода: Возило управувано со неприлагодена брзина се забило во бандера

288

Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва во Скопје. Според информации на ТВ21, возило од марката БМВ, со скопски регистарски ознаки се забило во бандера на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода.

Според првичните информации, возачот кој управувал со автомобилот се здобил со тешки повреди и итно е префрлен на скопските клиники.

Во моментов нема дополнителни информации околу неговата здравствена состојба.