По неколкудневните сè погласни разговори за тоа дека Атлетико Мадрид ќе го доведе Хулијан Алварез од Манчестер Сити, сега конечно за се проговори и претседателот на мадридскиот тим.

Алварез ја одигра само втората сезона во Манчестер Сити, постигнувајќи деветнаесет гола за тимот на Пеп Гвардиола во четвртата титула по ред на „Граѓаните“.

Секако, на сите им е јасно дека Алварез е во сенка на Ерлинг Халанд, кој е број еден во овој клуб, но Аргентинецот ги добива своите можности за настап.

Шпанска „Марка“ неодамна излезе со неколку тврдења дека Атлетико Мадрид сака да го доведе одличниот млад напаѓач од Манчестер Сити токму поради тоа што Халанд е број еден во овој клуб. Дополнително, новинарите на „Марка“ тврдат дека веќе е остварен контакт меѓу претставникот на Алварез и предводникот на Атлетико Мадрид за евентуален трансфер ова лето.

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо сега објави се.

  • Хулијан Алварез е играч на Манчестер Сити и мислам дека тоа нема лесно да се промени, изјави Серезо.

Очигледно Сити би се ослободил од Алварез за понуда од 80 милиони евра, но тоа е многу скапо за тим како Атлетико Мадрид.

Алварез пред две години пристигна во Манчестер Сити од Ривер Плата за околу 27 милиони евра и има уште три години од договорот со овој тим.