Судскиот совет на полноќ ќе одлучува за имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев

126

Судски совет на полноќ ќе одлучува да му го одземе имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев за да може да му биде одредена мерка притвор.

Бидејќи за делото за кое со сомничи е пропишана затворска казна до пет години, согласност за притвор мора да даде Судски совет. За дела за кои лице е затечено на лице место и за кои е пропишана казна над пет години, не треба согласност.