Столтенберг: Набргу ќе биде потпишан Протоколот за НАТО

52

 

Пристапниот протокол за влезот на Македонија во НАТО ќе биде потпишан во скоро време,тврди  Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столенберг.

-Ќе го потпишеме пристапниот протокол во НАТО и тоа можеме да го сториме набрзо. За ратификацијата ќе треба повеќе време, сѐзависи од 29-те парламенти, рече Столтенберг за Политико Европа.

Можно е веќе во текот на оваа недела, амбасадорите на земјите членки на НАТО да го потпишат протоколот. Некои земји членки како Словенија веќе добија зелено светло за ова, како што изјави словенечкиот амбасадор Јелко Кацин.

-Штом ќе го потпишеме пристапниот протокол, Скопје ќе седне на масата, рече Столтенберг.

Тоа значи дека Македонија ќе учествува како земја набљудувач во сите клучни формати на состаноците на Алијансата, но полноправна членка ќе стане само откако сите 29 парламенти ќе го ратификуваат пристапниот протокол.

-Минатиот пат ни требаше околу една година, изјави шефот на Алијансата коментирајќи го зачленувањето на Црна Гора во 2017 година.