Јанкуловска дојде сама во Апелација, адвокатите отсутни

84

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, се појави сама денеска во Апелацискиот суд, каде требаше да се одржи јавната  седница за нејзината жалба по однос на 6-годишната казна затвор која ја доби во предметот „Тенк“ на СЈО.

Адвокатот Боро Тасевски не присуствуаше поради приватни причини, додека адвокатката Сања Алексиќ била спречена да присуствува поради болест,а во судницата беа присутни обвинителите Фатиме Фетаи и Стевче Донев.

Поради отсуство на нејзините адвокати расправата беше одложена за 25 февруари.