Според IMDB: „Џокер“- најдобар за 2019

174

Љубителите на филмот низ светот цела година гласаа за IMDB (онлајн база за филм и ТВ), а сајтот ги објави резултатите и ги рангираше најдобрите 10 филмови за оваа година.

На првата позиција е неверојатниот „Џокер“, кој заработи една милијарда долари, со што стана 44. филм кој заработи девет цифри. На второ место се Бред Пит, Ал Пачино и Леонардо Ди Каприо и новата креација на Тарантино „Си било еднаш во Холивуд“. Долгоочекуваниот „Одмаздници: Крај на играта“, е на третата позиција на оваа листа, а на четврто место е „Капетан(ка) Марвел“, што за актерката Бри Ларсон е голем успех. Таа се појавува и во филмот „Одмаздници: Крај на играта“, па така два од нејзините филмови се на оваа листа.

Петтото место му припадна на хоророт „Toa: Поглавје 2“, додека на шестото место се најде новиот „Кралот лав“. Седма позиција доби уште едно остварување на Марвел – „Спајдермен: Далеку од дома“. На крајот, последните три места ги зазедоа „Алита: Борбениот ангел“, „Аладин“ и „САД“.