Прометот на индустријата во октомври со раст од 0,8 отсто

85

Прометот во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани бележи раст од 0,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Според објавените податоците, на домашниот пазар има раст од 0,2 отсто, додека на странските пазари од 0,4 отсто. 

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 7,7  отсто, додека опаѓање бележи кај капитални производи за 1,5 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7 отсто.

Прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2019 година, во однос на септември 2019 година, бележи раст од 2,3 отсто, додека во периодот јануари – октомври 2019 година, во однос на истиот период лани, раст од 6,5 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи раст од два отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај  интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто, капитални производи за 18,1 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2019 година, во однос на септември 2019 година, има раст од 4,4 отсто, додека во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, раст од 0,5 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, има раст од 0,4 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 11,4 отсто, додека опаѓање бележи кај капитални производи за два отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 10,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2019 година, во однос на септември 2019 година, има раст од 2,1 отсто, додека во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, раст од 8,4 отсто.