Спектакуларен огномет во Сиднеј за добредојде на 2020.
Во Австралија пристигна Новата 2020 година во 14 часот по средноевропско време. И покрај петицијата потпишана од повеќе од 280 илјади луѓе, Сиднеј ја дочека Новата година со спектакуларен огномет. Претходно први Новата година ја пречекаа жителите на Самоа, откако пред осум години ја сменија временската зона. Американската Самоа, која се наоѓа на само 220 километри источно од Самоа на другата страна од датумската граница, последна ќе влезе во 2020 година. По Самоа во новата година влезе и Нов Зеланд.