Со децении не се симнува од менито за Нова Година, а дел е од секоја трпеза на свечената вечера. За подготовка на руската салата нема да ви биде потребно повеќе од еден час.

Се е во добрата организација.

Потребни состојки:

  • 300 грама компири
  • 300 грама шунка
  • 200 грама кисели краставички
  • 200 грама варени моркови
  • 4 варени јајца
  • 150 грама конзервиран зелен грашок
  • една тегла мајонез
  • сол по вкус
  • Подготовка:

Сварете го компирот, морковот и јајцата. Исецкајте ги на мали коцки.

Исецкајте ги краставичките и шунката, а потоа додадете го зеленчукот, како и грашокот.

Измешајте ги сите состојки, а потоа додадете го мајонезот и на крајот изедначете ја смесата.

Послужете ја, одлична е со домашни кифлички.

Пријатен вкус!