Спасена дива мечка фатена во стапица

133

Полицајци спасија дива мечка фатена во стапица во атарот на село Брајчино.

– Во близина на манастирот Св. Петка полициски службеници од Регионалниот центар Југ, во атарот на селото Брајчино спасија дива мечка фатена во стапица – соопштија од МВР.

Полицијата заедно со ветеринар, ловочувар и лица од Дирекцијата за заштита и спасување го ослободиле животното, кое потоа е вратено назад во планината.

– Во близина на манастирот св. Петка во под пелистерското село Брајчино туристи забележале и пријавиле дека има фатена мечка во стапица. Со цел овај заштитен дивеч да биди ослободен од Полиција биле повикани ветеринарни екипи, Перо Стојчевски и Александар Алексов, ветеринари од Битола и Ресен, заедно со планинскиот спасувач Петар Нолев, веднаш се упатиле на лице место каде со пушка за успивање и соодветна анестезија ја успија мечката. Следуваше третирање на раните, се стави ушна маркица, потоа беше ослободена во природа. На ветеринарниот доктор Перо Стојчевски од Ресен ова му е второ спасување на мечка – истакнаа од НП „Пелистер“.

Кафеавата мечка е заштитена со Европскиот документ „Директива за живеалишта II/IV “ како и со  „Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дивата флора и фауна CITES Convention,, 1973 (II) ”.

Мечките во Македонија, со Законот за ловство од 1996 година, како редок дивеч се ставени под заштита и не смее да се ловат. Покрај кафеавата мечка на листата на строго заштитени видови во Македонија се наоѓааат уште 5 цицачи: дива мачка, балкански рис, видра, македонска стоболка и балканска снежна полјанка.