EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Искусниот кошаркарски тренер, Италијанецот Серџо Скариоло, ќе ја напушти екипата на Виртус Болоња и ќе седне на кормилото на Торонто во НБА-лигата, пишува „Газета дело спорт.

Според италијанскиот весник, Скариоло наводно е еден од тројцата кандидати за преземање на клупата на Торонто. Селекторот на Шпанија веќе работеше во овој тим од 2018 до 2021 година како помошен тренер и со него ја освои титулата во НБА-лигата.

Скариоло го освои Еврокупот со Виртус, а ја извршува и функцијата селектор на Шпанија, со која има злато – четири европски и едно светско, олимписки сребро и бронза, како и европска бронза.