Семејствата на бранителите се ослободуваат од партиципација во градинките и од надомест за оброк во училиштата

74

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница со мнозинство гласови од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата донесе низа клучни одлуки за граѓаните меѓу кои ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта.

Воедно, како што информираат од Општина Ѓорче Петров, советниците изгласале и доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“ и изградба на нова детска градинка во Дексион, што е од особено значење за граѓаните на Ѓорче Петров, или одлука со која ќе се решат децениски проблеми со недостиг на капацитети во образовните институции.

-На денешната седница, Советот ја изгласа и одлуката за кофинансирање за реализација на проектот „Пилот-интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион“ или проект кој треба да донесе нова пречистителна станица во село Орман, првпат во историјата на ова населено место – соопштија од локалната самоуправа.

Почнување постапка за изготвување Локален еколошки акционен план на Општина Ѓорче Петров е исто така одлука за која советниците денеска дадоа „зeлено светло“