Скамака желба на „дамата“

84

Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на напаѓачот на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, Џанлука Скамака. Репрезентативецот на Италија не ги оправда големите очекувања на раководните лица на популарните „чекани“ и затоа ќе му дозволено да си замине од Лондон. Неофицијално, „старата дама“ сака прво да го позајми, а потоа да го откупи неговиот договор.