Се продаде за еден стек и незаборавна ноќ во Дубаи

159

Фудбалскиот свет е разочаран од фактот дека познатиот турски готвач и месар, Нусрет Гокче, познат како Salt Bea, ги вознемируваше репрезентативците на Аргентина откако ја освоија светската титула на Мундијалот во Катар. Сосема неочекувано, Гокче се најде на зелениот терен после свечената церемонија и без проблеми се сликаше со репрезентативците и позираше покрај драгоцениот трофеј.

Самобендисаниот готвач предизвика гадење помеѓу вистинските фудбалски фанови кои не сакаа да останат неми на сцените на кои Salt Bea се турка помеѓу играчите и со сила им го зема трофејот.

Поради таквото негово однесување, Светската фудбалска организација (ФИФА) е под силен притисок од страна на навивачите. Сите знаат дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му дозволил во живо да го следи финалниот дуел, но не се знае како завршил на зелениот терен.

Поради тоа, ФИФА започна внатрешна истрага и тоа го потврди со официјално соопштение.

  • Како еден од најпрепознатливите симболи во светот на спортот, оригиналниот ФИФА трофеј може да биде допрен само од одредени луѓе, меѓу кои се поранешните победници и одбраните личности. ФИФА истражува како одредени личности успеале да бидат на теренот после церемонијата на 18. декември. Ќе има истрага и внатре во организацијата, пишува во соопштението на ФИФА.

Големи се шансите Инфантино да биде одговорен за прошетката на Нусрет на зелениот терен. Salt Bea е еден од ретките луѓе кои првиот човек на ФИФА го следи на Инстаграм, но престана да го следи после срамните сцени во Доха.

Сепак, Инфантино не може да избриши снимката од 2021 кога го посети ресторанот на турскиот месар.

  • Господин Нусрет – број еден. Најдобар од најдобрите. Незаборавна ноќ во Дубаи со Нусрет. Дефинитивно ќе се вратам, изјави тогаш Инфантино.

Од таквата негова објава лесно ќе се дојде до заклучок дека поради еден јунешки стек и незаборавна ноќ во Дуаби, Инфантино му има дадено специјална пропусница на Salt Bea.