Де Пол заслужено доби среден прст

117

Да се биде светски шампион е сон на секој фудбалер. За време на свечената церемонија секој фудбалер сака покрај себе да ја има својата фамилија. И додека поголемиот дел од репрезентативците на Аргентина освоената златна медала на Светското првенство во Катар ја прославија со своите жени и деца, тоа не беше случај со еден фудбалер.

И додека сите беа среќни и се веселеа, еден репрезентативец ја чувствуваше празнината во своето срце. Со него не беше личноста која најмногу ја сака.

Родриго де Пол веќе подолг период е во љубовен тријаголник, но ниту сегашната девојка, ниту пак поранешната партнерка не беа покрај него во Катар.

Врската помеѓу фудбалерот на Атлетико (М) и неговата поранешна девојка, Камила Хомс е толку напната и затоа поранешната партнерка не дозволи нивните деца, Франческа и Баутиста да присуствуваат на свечената церемонија.

Репрезентативецот на Аргентина побара од поранешната жена да им дозволи на децата да допатуваат во Катар, но со нивната дадилка. Мајката таквиот предлог експресно го одби со образложување дека истиот е понижувачки.

Исто така, адвокатот на Де Пол ја информирал Камила дека може да допатува во Катар, каде би останала два дена, но би немала право во живо да го следи финалниот натпревар.

Таквата понуда Камила ја објави на социјалните мрежи и под неа постираше фотографија на која позира со среден прст.

Во договорот за развод има и клаузула според која на Камила и е дозволено да има авионска карта на секои 45 дена со цел да го посети местото во кои Де Пол има натпревар.

Аргентинецот сакаше само неговите  деца да присуствуваат на финалниот натпревар, но таквата негова желба не стана реалност само поради поранешната девојка.

Во Катар не беше ниту неговата актуелна девојка, пејачката Мартина Тини Стоесел, која имаше работни обврски. За време на свечената церемонија, Де Пол се гушкаше со братот на неговата сегашна девојка, Франциско.