Строгите протоколи во Австралија засега не дозволуваат влез на странски државјани во земјата, без да заминат во задолжителен карантин. Ова би било проблем при организацијата на Австралија опен, на стартот од наредната година. Затоа директорот на турнирот Крег Тајли преговара со надлежните и бара дозвола да се формира „балон“, како на САД Опен и Ролан Гарос.

Ова ќе им овозможи на сите учесници да бидат дел од првиот сезонски грен слем без да заминат на карантин од две недели. Организаторите исто така веруваат дека натпреварите ќе се одржат во планираниот термин од 18 до 31 јануари.

Титулите од минатата сезона ги бранат Новак Ѓоковиќ во машка и Наоми Осака во женска конкуренција.